Највисоките органи на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги утврдуваа кандидатските листи на партијата за претстојните избори.
По седницата, лидерот Христијан Мицкоски информира за донесените одлуки.
Носител на листа во првата изборна единица е професорката Гордана Силјановска – Давкова, во „двојката“ Владо Мисајловски, а третата изборна единица ќе ја предводи Игор Јанушев.
Во „четвроката“ носител на листа е Александар Николовски, а во изборна единица број 5 е оперскиот пејач Игор Дурловски. Во „шестката“ носител на листа е Дафина Стојановска.