Oбраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за ситуацијата со коронавирусот
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку видеообраќање на социјалните мрежи и до медиумите ги повика граѓаните да не излегуваат без потреба, да носат маска и да се заштитат.
„Ако Владата не е способна да ви помогне, помогнете си сами. Секој човек е важен, и животите не се бројки и проценти“,
порачува Мицкоски во обраќањето.
Тој, повукувајќи се на денешната статистика за состојбата со коронавирусот, цели дека Македонија никогаш не била во полоша состојба од сега и дека е една од земјите кои најлошо се справуваат со пандемијата во Европа, за што ја обвини Владата.
„Кај нас неспособноста на Владата е еднакво опасна колку и самиот вирус… Болниците се полнат, медицинскиот персонал е преморен. Ова е тежок пораз за државата, а цената ја плаќаат граѓаните. Нема доволно термини за тестирање, а Филипче кажува дека граѓаните доцна се пријавувале за третман. Јас им верувам на граѓаните, но ми се чини дека министерот изгубил контакт со реалноста од држење прес конференции на кои ни ги кажува црните статистики и задоцнетите мерки“,
вели Мицкоски.
Тој уште еднаш посочи дека како партија апелирале неколку пати да се ослободат хронично болните од приватниот и државниот сектор, но Заев и Филипче останале глуви на тоа.
„Затоа треба да знаат дека секоја човечка загуба е дел и од нивната одговорност“,
вели Мицкоски во видеообраќањето.