Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во интервју за емисијата „360 степени“, зборуваше за промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на прислушкуваните разговори и дали треба да бидат докази во постапка.
„Зарем не гледате дека има двојни стандарди? Зарем не гледате дека кога ВМРО-ДПМНЕ беше целосно под прогон требаше се да важи во државава? Сега кога има толку големи индиции за криминал во власта, прогласени сме за најкорумпирана земја во Балканот и во Европа… имаме Рекет 1, Рекет 2, Рекет 2, имаме индиции за нови криминални случувања и од една страна сега за нив не треба да важи ништо. Јас ќе ви кажам отворено и мој став. Се она што е нелегално стекнато не треба да важи, тоа е мојот личен став. Не треба. Но, од друга страна јавниот интерес треба да важи како да се бутне ВМРО-ДПМНЕ, да се измислат еден куп случаи. Ако има некаде докази, нека си се води постапка. Но, сега гледаме дека некои луѓе моментално што се на власт со овој закон да се спасат, и да ја имаат алатката повторно утре СДСМ да уценува други луѓе, други партии, како да останат со нив, да им останат во скутот“,
вели Мисајловски.
Тој вели дека овој закон не се носи со европски вредности и на разумен и демократски начин и прашува зошто да постојат двојни аршини.
„Врвот на СДСМ знае дека ќе имаат многу кривични пријави против нив. Тоа е целта на овој закон“,
вели Мисајловски.