„Албанците во Северна Македонија, клучен државотворен фактор, ќе продолжат да бидат главната гаранција за европското и евроатлантското патување на оваа соседна земја, пријател, партнер, многу важен за нас и за европската иднина на регионот“, напиша на Икс поранешниот албански претседател
Да се биде во опозиција е многу голема мисија. Ова бил заклучокот од средбата која се случила вчеравечер во Тирана меѓу лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи и поранешниот албански претседател и сегашен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета.
Мета во видеообраќање на социјалната мрежа Икс на кое зборува заедно со Тачи вели дека Албанците продолжуваат да бидат главна гаранција за евроатлантското патување на Северна Македонија.

„Со лидерот на историската партија на Албанците во Северна Македонија, Демократската партија, Мендух Тачи, ја делиме истата оценка дека да се биде во опозиција е многу голема мисија. Албанците во Северна Македонија, клучен државотворен фактор, ќе продолжат да бидат главната гаранција за европското и евроатлантското патување на оваа соседна земја, пријател, партнер, многу важен за нас и за европската иднина на регионот“,
вели Мета.
1/2 Со големо задоволство ве поздравувам оваа вечер од Тирана, заедно со лидерот на историската партија на Албанците во Северна Македонија, @PDSHoficiale, г.@MenduhThaci. Споделивме заедничка оценка дека да се биде во опозиција е многу голема мисија. pic.twitter.com/5lYPvG4aAk
— Ilir Meta (@ilirmetazyrtar) June 2, 2024
Инаку, Мета по претседателските избори ѝ ја честита победата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.