Снимката, направена од камера за видеонадзор, е објавена на фејсбук-профилот „Видео Тетова1“, а во објавата пишува: „Мечка слободно шета по улиците на село Теарце“
Мечка е снимена како се шета низ улиците на тетовското село Теарце. Снимката, направена од камера за видеонадзор, е објавена на фејсбук-профилот „Видео Тетова1“, а во објавата пишува:
„Мечка слободно шета по улиците на село Теарце.“

Камерата за видеонадзор ја снимила мечката на 16 ноември во 1:20 часот по полноќ додека се движи низ тесна уличка во населено место, која во тој момент е празна.
