Акцијата ја реализирал тим на Зоолошка градина-Скопје составен од биологот Јорданчо Милошевски и ветеринарниот техничар Сашо Панчев
Возрасна кафеава мечка денеска била ослободена од стапица за диви свињи во близина на Дебарски Бањи, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Акцијата ја реализирал тим на Зоолошка градина-Скопје составена од биологот Јорданчо Милошевски и ветеринарниот техничар Сашо Панчев, по повик на главниот инспектор за ловство Зоран Вуич.
„Бидејки сѐ уште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи (неговото формирање е во крајна фаза), тимот од Зоолошка градина-Скопје заедно со инспекторот за ловство излегле на лице место, со специјално средство ја успале исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата и ѝ ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи“,
соопшти ЦУК.
Откако се освестила од опојнито средство, мечката си заминала. Интервенција се одвивала во присуство на полицајци од полициската станица Дебар.
„Благодарност до полицијата, ловочуварската служба на ловиштето ‘Канеш Стогово’ и месното население. Посебно голема благодарност до тимот од Зоолошка градина-Скопје кои на стручен начин успеаја да ја спасат уловената во стапица мечка“,
велат од ЦУК.