Протестот следува по минатонеделниот пораз на Мило Ѓукановиќ на парламентарните избори
Неколку илјади граѓани вечерва се собраа на протест на плоштадот на независноста во центарот на Подгорица.
На собирот кој е најавен од „црногорските патриотски организации“ се палат факли, се пеат патриотски песни и се веат знамиња на Црна Гора, додека насобраниот народ скандира: „Не ја даваме државата“ и „Не е ова Србија“.
“This not Serbia” some 50.000 people sang tonight in the Podgorica’s Independence square pic.twitter.com/zQR57MjmrP
— Ljubomir Filipović (@ljubofil) September 6, 2020
Полицијата не соопшти дали протестот е одобрен и кој го пријавил, а пред почетокот на собирот, новото мнозинство во црногорскиот парламент, кое го порази Мило Ѓукановиќ на изборите, упати јавно предупредување дека се можни инциденти и ја повика полицијата на превентивни мерки.
Повикот за собирот се појави на социјалните мрежи пред неколку дена, а следува по минатонеделниот пораз на Ѓукановиќ на парламентарните избори. Во поканата, под знамето на Црна Гора, стои: „Црна Гора те повикува, немаш изговор“.
Минатата недела, пак, поддржувачите на опозициските партии во Црна Гора во повеќе градови ја славеа победата и падот на власта на Ѓукановиќ.