Организацијата „Архива на јавни собири“, која го евидентира бројот на присутни на собирите, објави дека снимките покажуваат оти денешниот протест на „Славија“ ќе биде во рангот на најголемите студентски собири досега

Илјадници граѓани на повик на движењето „Студенти во блокада“ вечерва се собраа на плоштадот „Славија“ во Белград, каде што одржаа протест под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“. Тие побараа одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.
Студентите што го предводат движењето се надеваат дека со денешниот протест ќе ја обноват нивната кампања за да го притиснат претседателот Александар Вучиќ да распише предвремени избори.
Организацијата „Архива на јавни собири“, која го евидентира бројот на присутни на собирите, објави дека снимките покажуваат оти денешниот протест на „Славија“ ќе биде во рангот на најголемите студентски собири досега.
„Процената на масата од над 100 000 луѓе е тешка и нема да ги објавиме податоците вечерва. Ја предупредуваме јавноста против очекуваните дезинформации и потценување на бројките од страна на полицијата и режимските медиуми“,
соопшти организацијата на социјалната мрежа Икс.
Snimci ukazuju da će današnji skup na Slaviji biti u rangu najvećih studentskih do sada. Procena mase preko 100k ljudi je zahtevna i podatke nećemo objavljivati večeras. Upozoravamo javnost na očekivane dezinformacije i umanjivanje brojki od strane policije i režimskih medija.
— Arhiv javnih skupova (@javniskupovi) May 23, 2026
Според информациите на министерот за внатрешни работи Драган Васиљевиќ, на денешниот протест на „Славија“ присуствувале 34 300 граѓани.
Тој изјави дека станува збор за еден од ретките пријавени собири, дека пријавата била навремена и дека се преземени сите мерки и дејствија во рамките на надлежноста на полицијата.
Како што рече, имало напад врз новинар и дека е во фаза на пронаоѓање на лицата што го извршиле нападот. Додаде и дека немало поголеми инциденти.
На протестот обраќања имаа повеќе професори, студенти, академици, како и голем број актери од театрите во Белград.
Една од студентките рече дека студентските барања одамна се претвориле во барања на граѓаните.
„Овој режим изгради систем кој одлучуваше за нас, за државата, во Сењак. Овој режим владее така што полицајци, криминалци и премиери седат на иста маса. Тие владеат убивајќи се меѓусебно, а потоа обидувајќи се да го сокријат тоа. Тие владеат со тепање и киднапирање деца. Затоа ве прашуваме сега: дали сме за Србија или сме за мафијата?“,
праша таа.
📍Slavija trenutno! Studenti pobeđuju!!! 23.05.2026. pic.twitter.com/2TCpNMB2H0
— Kreni-Promeni (@KPromeni) May 23, 2026
Говорниците рекоа дека Србија денеска е сиромашна земја на обесправени луѓе и оти сите се сведоци како се пишуваат нови страници од историските книги.
Обвинителката Бојана Савовиќ рече дека ниту една униформа не треба да биде над законот.
„Силата што се применува врз луѓе кои се лишени од слобода или кои не пружаат никаков отпор е кривично дело. Ниедна униформа не смее да биде над законот. Затоа, секоја прекумерна употреба на сила, секое понижување на граѓаните, секое незаконско однесување мора да биде предмет на ефективна, ефикасна и транспарентна истрага. Држава во која законите не се применуваат или се применуваат селективно престанува да биде држава и станува мафијашка организација. Она што го живееме денес, секој ден, бомби, изнуда, мафијашки конфронтации, не е држава, тоа е анархија“,
рече таа.
