На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како коњот е врзан за задниот дел од автомобилот, кога во еден момент, возачот на автомобилот најверојатно ја зголемува брзината на движење по што коњот паѓа на улицата
На социјалните мрежи деновиве се рашири видео на кое се гледа како коњ закачен за автомобил се влече по улица во Скопје.
Според видеоснимката, коњот е врзан за задниот дел од автомобилот, кога во еден момент, возачот на автомобилот најверојатно ја зголемува брзината на движење по што коњот паѓа на улицата.
Возилото потоа застанува, а од него излегуваат тројца мажи кои го креваат коњот.
Откако коњот застанува на нозе, мажите се враќаат кон автомобилот.
Случајот предизвика лавина реакции од граѓаните на социјалните мрежи:
„Човек да не излезе на улица“,
се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.
„Жално до каде оди човековата беда“,
гласи друг коментар.
„Страшно, жално, бездушни“,
коментираат граѓаните на социјалните медиуми.