Претставник на иранската државна агенција на социјалната мрежа Икс директно негираше ракетен напад врз Иран
Израелски проектили погодија локација во Иран, објави Еј-би-си њуз, цитирајќи американски официјален претставник, додека иранската новинска агенција Фарс, известувајќи за експлозијата, соопшти дека е активиран систем за противвоздушна одбрана во градот Исфахан. Фарс објави дека во близина на аеродромот во иранскиот град Исфахан се слушнала експлозија.
BIG BRAKING NEWS
— Fighter_4_Humanity (@Fighter_4_Human) April 19, 2024
The World: “Israel, would you rather attack Iran or Rafah?”
🇮🇱 Israel has initiated an assault on 🇮🇷 Iran, targeting the nuclear facility situated in Isfahan.
Iranian air defenses are actively countering the attacks on their facilities, prompting a halt in… pic.twitter.com/Rs2ZGdlM17
„Причината за тие експлозии се уште не е позната, истрагата ќе продолжи сè додека не се утврдат точните детали за инцидентот“,
објави агенцијата Фарс.
Системот за противвоздушна одбрана во иранскиот град Исфахан бил активиран против „објект за кој постои сомневање дека е беспилотно летало“, изјавил изворот за агенцијата, која додава дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во северозападниот дел на градот.
Ирански генерал: Нема штета, звукот што се слушна беше од воздушната одбрана
Иранските државни медиуми цитираа армиски генерал во провинцијата Исфахан дека нема извештаи за штета.
„Големиот звук што се слушна во Исфахан беше предизвикан од противавионски оган врз сомнителни предмети. Немаше никаква штета“,
изјавил тој.
Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала
Претставник на иранската државна агенција на социјалната мрежа Икс директно негираше ракетен напад врз Иран.
„Нема воздушен напад од надворешните граници на Исфахан или други делови од земјата“,
објави Хосеин Далиријан.
Тој рече дека Израел само направил неуспешен и понижувачки обид да ги контролира беспилотните летала, кои беа соборени.
Иранските државни медиуми известија за инцидентот на сличен начин велејќи дека системите за противвоздушна одбрана биле активирани во неколку области на земјата во текот на ноќта за да гаѓаат можни цели, но нема извештаи за директен удар или експлозија. Се додава дека сите објекти, вклучително и нуклеарните, се безбедни.
Би-би-си: Ако ова е крајот на одговорот на Израел, тој е многу ограничен
По масовниот ирански беспилотен и ракетен напад минатиот викенд, Израел јасно стави до знаење дека ќе одговори – на некој начин. Сега се чини дека одговорот пристигна. Но, ако ова е навистина почеток и крај на одговорот на Израел, се чини дека е многу ограничен, вели Би-би-си во својата прва анализа.
Исфахан изгледа нормално утрово. Цела недела, западните сојузници на Израел, особено САД и Велика Британија, ја молеа владата на Нетанјаху да не реагира со силен одговор на иранскиот ракетен напад.
Главниот аеродром во Техеран продолжува со летови
Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека се обновени летовите на меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран.
Летовите претходно беа прекинати во поголемиот дел од Иран бидејќи беа пријавени експлозии во централната провинција Исфахан.