Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан
Либански Хезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека нема сознанија дека кој било нејзин објект е погоден од Хезболах, но претходно соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел.
Двете страни редовно разменуваат ракетни и воздушни напади од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но се воздржуваат од отворена војна. Сепак, со оглед на честите напади, постојат стравувања дека несреќа или погрешна проценка на која било страна може да доведе до брза ескалација на конфликтот, како и до потенцијално вклучување на други регионални и светски сили, вклучително и САД.
Хезболах вели дека нападот е одмазда за претходниот израелски напад во кој загина еден од нивните борци. Групата објави сателитска снимка со локацијата на нападот на половина пат помеѓу Акра и Нахарија на север. На едно видео е видливо и како израелската воздушна одбрана ги пресретнува беспилотните летала.
INCREDIBLE FOOTAGE:
— Open Source Intel (@Osint613) April 23, 2024
Israeli air defenses intercepted Hezbollah Suicide drone off the coast of Acre this morning. pic.twitter.com/jxywvhJAaf
Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан.
Најмалку две лица загинаа, а шестмина се повредени откако израелски воздушен напад погоди станбена област во јужниот либански град Ханин, соопшти официјалната либанска новинска агенција ННА.
„Израелски воени авиони погодија двокатна зграда со два проектили воздух-земја, потполно уништувајќи станбена зграда во која живееше семејство кое не го напуштило градот од почетокот на израелските напади“,
објави ННА.
Претходно војската соопшти дека израелските воздушни напади убиле двајца борци на Хезболах во јужен Либан. Хезболах подоцна ја потврди смртта на еден од своите борци, Хусеин Азкул, но не откри други детали.
Од октомври, во израелските напади загинаа околу 279 борци на Хезболах и околу 50 цивили. Ракети и напади со беспилотни летала на Хезболах убија десетина израелски војници и двојно повеќе цивили. Ракетниот оган расели десетици илјади луѓе од двете страни.