Арбел Јехуд (29), киднапирана од Кибуц Нир Оз во напад предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, изгледаше исплашено и се бореше да се пробие низ толпата додека вооружените милитанти ја предаваа на Црвениот крст во тензична сцена во јужниот град Кан Јунис
Хамас денеска предаде тројца израелски и пет тајландски заложници, но Израел го одложи ослободувањето на палестинските затвореници по хаотичните сцени на едно од местата за примопредавање, каде што толпа луѓе се собра околу заробениците.
Арбел Јехуд (29), киднапирана од Кибуц Нир Оз во напад предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, изгледаше исплашено и се бореше да се пробие низ толпата додека вооружените милитанти ја предаваа на Црвениот крст во тензична сцена во јужниот град Кан Јунис.
One WOMAN. Not a soldier. Just a JEWISH woman.
— miha schwartzenberg (@mihaschw) January 30, 2025
Arbel Yehud, alone, 481 days and nights in Hamas captivity.
A Jewish woman who’s name was never mentioned by ANY Women’s Rights org – and that includes @unwomenchief -,women’s magazines,celebrities, feminists. Zero, nada.… pic.twitter.com/O5St9sW0WH
Друг израелски заложник, Гади Мозес (80), исто така беше ослободен заедно со пет тајландски државјани кои работеа на израелските фарми во близина на Газа кога милитантите ја пробија граничната ограда, соопшти израелската војска.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека сцените на нивното предавање се шокантни и се закани со смрт на секој што ќе им наштети на заложниците. Тој ги повика посредниците да се погрижат сцената да не се повтори.
Вкупно 110 палестински затвореници се очекува да бидат ослободени в четврток, како дел од договорот со кој прекинаа борбите во опустошениот крајбрежен регион претходно овој месец. Израелски функционер вклучен во операцијата рече дека автобусите со затвореници добиле инструкции да се вратат во затворите како очигледна реакција на хаотичното предавање на заложниците.
Палестинските затвореници, вклучително и 30 малолетници и некои осудени членови на палестински групи за вмешаност во смртоносните напади во кои загинаа десетици луѓе во Израел, се очекува да бидат однесени на Западниот Брег или во Газа подоцна во текот на денот.