За кратко време наврнале повеќе од 25 литри дожд на квадратен метар. Големото количество вода придонело и за излевање на повеќе шахти од градската канализациска мрежа. Откорнатите дрвја оштетиле паркирани автомобили
Силното невреме што во текот на изминатата ноќ го зафати регионот на хрватскиот град Сплит им отвори многу работа на пожарникарите кои главно ги отстрануваат откорнатите дрвја паднати на улиците, а испумпуваат и вода од поплавените подруми, објави Дневник.хр.
Оперативниот центар за противпожарна заштита на округот Сплит соопшти дека во акцијата за справување со последиците од невремето учествувале и припадници на доброволната противпожарна служба кои најмногу ги отстранувале паднатите дрвја.
Најмногу случаи со откорнати дрвја и скршени гранки се појавиле по 23 часот во центарот на градот, по улиците, шеталиштата и паркинзите.
За кратко време наврнале повеќе од 25 литри дожд на квадратен метар. Големото количество вода придонело и за излевање на повеќе шахти од градската канализациската мрежа.
Освен материјалната штета што ја предизвикале паднатите дрвја, за среќа, не се забележани човечки жртви.
Покрај Сплит, невреме со грмежи и обилни дождови го погоди и гратчето Каштела, поширокиот регион Макарска, како и островите Хвар, Брач, Вис и Шолта, а во останатиот дел од округот невремето било со послаб интензитет.