„Локалното население и пожарникарите се обидуваат да направат појас околу куќите и викендичкитее кои се наоѓаат во непосреедна близина на пожарот“, вели Стојанче Анѓелов, директорот на ЦУК
Пожарот над Радовиш се претвара во тежок шумски пожат. Гори борова шува, пожарот се приближува до винекд населбата.
Ова вечерва на неговиот фејсбук-профил го објави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека пожарот се наоѓа на околу седум километри од градот.
„Локалното население и пожарникарите се обидуваат да направат појас околу куќите и викендичкитее кои се наоѓаат во непосреедна близина на пожарот“,
вели Ангелов.
Гасењето на пожарот ќе продолжи и во текот на ноќта.