Германскиот Парламент денеска расправа дали, како и во соседна Австрија, ќе се воведе обврската за задолжително вакцинирање за сите полнолетни граѓани или само за постарите од 50 години, односно за одредени групи лица
Во Берлин почна голем собир на граѓаните кои се противат на одлуката на германската Влада за воведување задолжителна вакцинација.
Жителите на Берлин од сите краеви доаѓаат на протестот пред Бундестагот, германскиот Парламент, каде се расправа за предлогот на владата.
Германија денеска постави нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус – 164 000 заразени за еден ден. Пред една недела, бројот на новозаразени веќе беше на високи 112 323, а продолжи да расте со ширењето на сојот омикрон.
Во моментов, во Германија, 75 отсто од граѓаните примиле најмалку една доза од вакцината, што е најниска стапка во Западна Европа, бидејќи во другите земји стапката на вакцинаија изнесува од 80 до 86 отсто.
Германскиот Парламент денеска расправа дали, како и во соседна Австрија, ќе се воведе обврската за задолжително вакцинирање за сите полнолетни граѓани или само за постарите од 50 години, односно за одредени групи лица.
Во изминатите неколку протести низ Германија за вакцинацијата, на улиците на германските градови имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.