На францускиот остров Корзика ветерот кој дуваше со брзина до 224 километри на час и корнеше дрвја и однесе покриви, при што загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете
Невремето што пред неколку дена ја зафати Европа предизвика големи материјални штети во Франција, Австрија, Италија и Словенија, а регистрирани се повеќе од 13 жртви. Експертите предупредуваат дека исто вакво невреме викендов ќе пристигне на Балканот.
По долготрајните екстремни горештини предизвикани од топлотниот бран „Луцифер“, Европа се соочува со драстично поинаква ситуација.
Иако бројните шумски пожари неодамна ги парализираа Франција, Италија, Хрватска, Црна Гора и многу други земји, сега земјите се соочуваат со период на силни бури и ветрови слични на урагани.
Така, силно невреме вчера го погоди францускиот остров Корзика, каде ветерот кој дуваше со брзина до 224 километри на час корнеше дрвја и однесе покриви. Во невремето загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете.






Станува збор за девојче (13) кое било убиено од дрво кое паднало врз неа додека била во летен камп. Во истиот инцидент загина еден маж, додека една жена загина кога во нејзиниот автомобил удрил дел од покрив на куќа уништен од ветрот.
Десетици луѓе се повредени и на копно и на море, а очевидци на невремето рекоа дека тие биле сосема неочекувани и не било дадено предупредување.
Already 3 persons died and dozens are injured in #Corsica due to the violent storm (224km/h!).
— Mélanie Vogel (@Melanie_Vogel_) August 18, 2022
Climate inaction kills.#ClimateEmergency pic.twitter.com/GBkIP6uZ7J
На француското копно, некои јужни области се соочуваат со прекин на струја, а улиците во вториот по големина град во земјата, пристаништето Марсеј се поплавени.
Во соседна Австрија пет лица загинаа. Најголем проблем во Австрија се дрвјата искорнати од ветрот, кои завршија на главните патишта.
Three dead and 12 injured due to a hurricane that hit the French island of #Corsica.#France pic.twitter.com/Qm4aiHYPz7
— خالد اسكيف (@khalediskef) August 18, 2022
Жртви од невремето се регистрирани и во Италија, каде маж и жена загинаа од паѓање дрвја во одделни инциденти во регионот на Тоскана.
Силни ветрови ја погодија и Венеција, кои носеа чадори од кафулињата низ плоштадот Свети Марко и оштетија дел од камбанаријата на катедралата.
Во невремето се оштетени и приморски одморалишта во Тоскана и на север во Лигурија.
Невреме ја зафати и Словенија, каде ветрот откорна покриви и дрвја, но уништи и разни објекти.
Неколку лица во Љубљана се полесно повредени, додека во Крањ ветровите откорнаа покриви на околу 70 згради.
Податоците на локалната Агенција за животна средина покажуваат дека во Љубљана брзината на ветерот достигнала рекордни 102 километри на час.
Следен е Балканот
Екстремните горештини што оваа недела беа забележани на Балканот претставуваат еден од последните налети топлотен бран.
Метеоролозите најавуваат дека врнежите ќе започнат денеска во доцните вечерни часови прво во Србија, каде се очекува драстичен пад на температурата, голема количина врнежи, а може да има и жолт или нечист дожд. И останатиот дел од Западен Балкан ги очекува истите временски услови.