Од ЦУК велат дека дупката веројатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност. Директорот на Центарот, Стојанче Ангелов беше на увид, по што апелираа итно да се санира проблемот
На средината на мостот над Маркова река пред скопската населба Драчево постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по него.
Со ваква пријава вчера граѓани реагирале до Центарот за управување со кризи (ЦИК) , од каде пак веднаш ги известиле Јавното претпријатие „Улици и патишта“, Општината Кисела Вода, Градот Скопје и МВР.
Од ЦУК информираат вела „Улици и патишта“ синоќа ја обележале дупката, но и предупредуваат дека таа претставува опасност доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа.
„Истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност“,
велат од ЦУК откако увид на теренот направил и директорот Стојанче Ангелов.
Оттаму апелираа надлежните итно да преземат мерки за санација.