Руското Министерство за одбрана соопшти дека во експлозијата нема жртви, пренесе државната новинска агенција РИА, а Интерфакс го цитираше Министерството за одбрана дека пожарот избувнал во привремен склад за муниција
Гувернерот на Крим Сергеј Аксинов пак, изјави дека двајца цивили се повредени
На северот на Крим експлодира муниција, а жителите на селото Мискоје во моментов се евакуирани, соопштија денеска локалните власти.
„Детонирањето на муницијата се случи на северот на Крим“,
објави агенцијата ТАСС на Телеграм, цитирајќи го рускиот административен шеф на Крим, Сергеј Аксјонов.
Crimea, Dzhankoy
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 16, 2022
Explosions at the ammunition depot – media in the occupied Crimea pic.twitter.com/6zowH6H6Nw
„Имаше детонација на муниција во поранешната област на селската фарма каде привремено се наоѓаше воениот објект“,
изјавил руски функционер, пренесе ТАСС.
Explosions in occupied #Donetsk are being reported. pic.twitter.com/eoPriFgQLI
— NEXTA (@nexta_tv) August 16, 2022
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во експлозијата се случила во 3.15 минути по локално време и дека нема жртви, пренесе државната новинска агенција РИА, а Интерфакс го цитираше Министерството за одбрана дека пожарот избувнал во привремен склад за муниција.
Гувернерот на Крим Сергеј Аксинов пак, изјави дека двајца цивили се повредени.
Рано утрово руските медиуми почнаа да известуваат за експозеите на Крим. Најпрво известија дека се запалила трафостаница на Крим.
На социјалните мрежи се појавија бројни фотографии и видеа од местото на настанот. Антон Гераншченко, советник на украинскиот претседател, објави видео на кое се гледа експлозија на Крим.
Минатата недела неколку експлозии ја погодија околината на населбата Новофјодоровка на Крим, а Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионска муниција експлодирала на територијата на аеродромот Саки, пренесе Интерфакс.
Слична експлозија неодамна се случи во складиште за муниција на воениот аеродром на Крим. Во таа експлозија едно лице загина, а едно е повредено.
Најмалку седум руски воени авиони беа оштетени или уништени во неодамнешните експлозии на воздухопловната база Саки на Крим. Иако Москва тврди дека ниту еден не е оштетен, според истражувањето на Си-ен-ен, ова може да биде најголемата загуба на воени авиони на Москва во еден ден по Втората светска војна.