Двете безживотни тела се пронајдени во близина на плажата Перистерија на југот од островот, потврди припадник на спасувачките служби

Две лица се пронајдени мртви на островот Саламина во близина на Атина, каде што денеска речиси истовремено избувнаа два пожари, предизвикувајќи евакуација на стотици луѓе, објавија противпожарните служби.
Двете безживотни тела се пронајдени во близина на плажата Перистерија на југот од островот, потврди припадник на спасувачките служби.
Од противпожарната служба за грчката државна телевизија ЕРТ изјавија дека со евакуацијата се опфатени стотици туристи и локални жители. Двата пожари се забележани речиси истовремено во две туристички популарни подрачја на југот и истокот од островот.
Мобилизирани се околу 150 пожарникари, а на терен дејствуваат и четири авиони и шест хеликоптери. Крајбрежната стража распореди пет брода.
Островот Саламина е омилено одредиште на атињаните за време на одморите и викендите.
