Според неофицијални информации, еден од полицајците бил потешко повреден, еден е задржан на операција, а тројца веќе се пуштени на домашно лекување
Поголема група дрвокрадци нападнале полициска патрола од Општина Чашка, а во инцидентот дел од полицајците се повредени и завршиле во болница.
Оваа информација доцна синоќа се прошири на социјалните мрежи, каде што се споделуваа и видео на кое се гледа како поминуваат полициско и возило на Итната медицинска помош со вклучени сирени, најверојатно на пат кон болница.
50-тина дрвокрадци, припадници на ромската етничка заедница претепале 4 полициски службеници во атарот на с. Чашка, Велес. Двајца се борат за живот. Јас предлагам воведување на две работи:
— Нароз Волокин (@zorbital) September 24, 2020
– забрана за огревно дрво
– смртна казна pic.twitter.com/Nt02YlkwUg
Од МВР најавуваат дека набргу ќе излезат со повеќе детали, а она што досега можат да го потврдат е дека се приведени четворица од напаѓачите кои биле фатени како вршат бесправна сеча.
„Околу 20 часот на стариот пат од село Избор кон Прилеп, атар на селото Степанци, група граѓани, кои вршеле бесправна сеча на дрва, ја нападнале патролата од пет полициски службеници од Полициската станица Чашка. Досега се приведени четири лица“,
е последната официјална информација што ја споделуваат од МВР.
Според неофицијални информации на „360 степени“, еден од полицајците бил потешко повреден, еден е задржан на операција, а тројца веќе се пуштени на домашно лекување.
Безмилосното пустошење на шумите минатата сезона беше тема на истражување и на нашата екипа, која сведочеше на нелегална сеча. Каква слика затекнавме на терен, кои се сведоштвата и што говорат статистиките, погледнете во сторијата во продолжение.