Речиси целосно поплавени, како што пренесува Канал 5, се улиците во населбата Дарданија, источно од железничката пруга, улицата „172“, која го спојува Тетово со Мала Речица и неколку улици околу касарната
Обилниот дожд што вечерва зафати делови од земјава предизвика поплави во Тетово, каде дел од улиците се полни со вода, а како што јавува ТВ 21 поплавени се и дворови и подруми.
Речиси целосно поплавени, како што пренесува Канал 5, се улиците во населбата Дарданија, источно од железничката пруга, улицата „172“, која го спојува Тетово со Мала Речица, неколку улици околу касарната.
Поплавен е и локалниот пат од Тетово кон Фалиште, кај подвозникот.
Според изјави на жители, пренесува телевизијата, сообраќајот е во прекин и не може да се помине од Тетово кон Фалиште.
Како што јавија од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта, а пообилни се најавуваат во западните делови каде се очекува да наврнат 20 литри на метар квадратен за 12 часа.
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.