Во селото Тимовско на рускиот остров Сахалин, утринава одекна експлозија на гас во станбена зграда околу 5 часот по локално време. Во експлозијата загинааа девет лица а меѓу нив се и четири деца, а досега се пријавени девет повредени лица
Гувернерот на областа Валериј Лимеренко вели дека под урнатините можеби се наоѓаат уште лица бидејќи некои од 33-те лица кои живееле во зградата се уште не се пронајдени.

Според неофицијалните информации, причина за ескплозијата е неправилното складирање и ракување со плински боци за домаќинствата.