Продолжуваат протестите во главниот град на Либан, Бејрут, демонстрантите го изразуваат својот револт кон властите поради експлозијата.
Демонстрантите фрлаат камења кон безбедносните сили кои го блокираа патот до зградата на парламентот во Либан.
Како што пренесуваат странските агенции, стотици демонстранти се собрале на главниот плоштад кои протестираат против политичката елита која ја обвинуваат за економската и политичката криза во земјата, како и за неодамнешната катастрофална експлозија во пристаништето.
Во експлозијата загинаа 158 лица, а над 6 000 се повредени, додека пак околу дваесетина лица се водат за исчезнати. Болниците се преполни со пациенти, а некои од нив беа и оштетени за време на експлозијата и не се во можност да пружат здравствени услуги.
Еден полицаец беше убиен во судирите меѓу полицијата и демонстрантите вчера, а демонстрантите упаднаа во неколку министерства, како и во банкарското здружение.