Конфликтот меѓу премиерот и неговите противници, вклучително и многу припадници на армијата, трае со денови во Ереван
Противниците на ерменскиот премиер Никола Пашинијан упаднаа во зградата на владата, пренесува РИА новости.
Опозицијата одржа митинг во фоајето на приземјето и ги повика вработените во министерствата сместени во зградата на владата да не учествуваат на закажаниот митинг организиран од премиерот. Упадот во зградата траеше само неколку минути. Откако побараа оставка од премиерот, демонстрантите ја напуштија зградата.
JUST IN – Protesters break into government building in Yerevan, Armenia.pic.twitter.com/IUI9QJX8kV
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) March 1, 2021
Демонстрантите извикуваа пароли на првиот кат од зградата и ги повикаа вработените да не учествуваат на митингот на приврзаниците на Пашинијан, закажан за денеска.
„Нашата цел беше да покажеме дека можеме да влеземе во кое било министерство“,
рече еден од учесниците коментирајќи ја ситуацијата.
Конфликтот меѓу премиерот и неговите противници, вклучително и многу припадници на армијата, трае со денови во Ерменија.
Минатиот четврток, 25 февруари, Генералштабот на вооружените сили на Ерменија објави барање до шефот на владата на земјата да поднесе оставка. Пашинијан, како одговор, нагласи дека оваа изјава е обид за воен удар во земјата, по што тој рече дека првпат поднел барање за разрешување на началникот на Генералштабот.
Претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан, одби да го смени началникот на Генералштабот на ерменската армија, Оник Гаспаријан, кого премиерот Пашинијан го разреши еден ден претходно.
Армијата бара оставка од Пашијан, но и оставка од целата влада, поради забелешки за водење на земјата за време на конфликтот во Нагорно-Карабах, територија што ја оспоруваат Ерменија и Азербејџан.
Конфликтот заврши на 9 ноември со мировен договор со посредство на Русија и оттогаш Пашинијан е нападнат од критичари кои сметаат дека тој им го предал Нагорно-Карабах на Азербејџанците.