Причина за ваквата состојба, според „Електродистрибуција“ се два 110-киловолтни далноводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, а кои поради невремето се без напон
Повеќе од 12 часа делови од Скопје се без струја поради вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.

Според „Електродистрибуција“, причина за ваквата состојба се два 110-киловолтни далноводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, а кои поради невремето се без напон.

Екипите на „Електродистрибуција“, како што информираат оттаму, цела вечер работеле на отстранување на дефектот.
„Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците што се засегнати од прекинот. Снабдувањето се очекукува да се стабилизира за околу еден час“,
информираат утрово од ЕВН МАкедонија
ЕВН Македонија изразува голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби, а упатија и благодарност и до корисниците за покажаното разбирање и трпение.
Вчерашното невреме, иако беше краткотрајно, сепак, во населбите Аеродром и Автокоманда предизвика повеќе штети, како паднати дрвја, оштетени автомобили, паднати покриви, поплавени домови.
До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила. Повеќе информации од ЦУК најавуваат во текот на денешниот ден.