Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје во дебата на „360 Степени“ зборуваше за нормализацијата на животот по кризата со новиот коронавирус и за тоа дали постои ризик тој повторно да се врати ако нема вакцина, ниту лек.
„Секако и враќањето во нормалниот животен тек ќе биде постепено. Нема сите мерки одеднаш да се запрат, ќе биде полека. Она што треба да се знае за вирусните заболувања е дека тие без домаќин, а во случајов без човекот како домаќин – не можат да опстанат. Не можат да останат со месеци на површини или во воздух… нив им треба жив домаќин. Во овој случај сме ние луѓето. Доколку ние видиме дека во наредни 14 дена немаме ниту еден регистриран случај или се работи за импортирани случаи коишто не дале други случаи, ќе можеме полека да бидеме посигурни дека веќе не ни циркулира во заедницата. Меѓутоа, тоа не значи да се опуштиме веднаш. Постои можност за повторно да се зголеми бројот, меѓутоа… да видиме“,
рече Микиќ.