Во 22:43 часот земјотресот го најави силен татнеж, по што следуваше потрес кој ги натера граѓаните да излезат од своите домови. Како што забележа „360 степени“ на терен, голем дел од нив ноќта ја минаа на отворено, дел палеа огнови пред своите згради, додека други го напуштија градот
Долга ноќ помината во страв и неизвесност од катастрофа. Ваква беше атмосферата синоќа во Битола по силниот земјотрес од 5,6 степени, како што забележа „360 степени“ на терен.
Во 22:43 часот земјотресот го најави силен татнеж, по што следуваше потрес кој ги натера граѓаните да излезат од своите домови.
Гледај со звук #битола #земјотрес pic.twitter.com/Qj2I61MV6M
— A Jordan (@filozofot) January 9, 2022
Голем дел од нив ноќта ја минаа на отворено. Дел палеа огнови пред своите згради, додека други го напуштија градот.
За среќа, земјотресот предизвика само материјални штети.
Битола #Земјотрес #earthquake pic.twitter.com/PNbG4hwazS
— Гатачот (@Gatachot) January 9, 2022
Засега нема официјални информации колкави штети се пријавени во градот, а градоначалникот Тони Коњановски веќе најави дека денеска пред општинскиот совет ќе предложи формирање комисија за надомест на штетите.
Во меѓувреме, социјалните мрежи „вријат“ од коментари за потресот кој ги потсети битолчани на земјотресот од 1994 година. Тогаш земјотресот беше со јачина од 5,2 степени, неколку лица беа повредени, а беа оштетени поголем број фасади, покриви и градби.
Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчерашниот земјотрес бил со јачина од 5,6 степени на 4 километри североисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и е категоризиран со четврти степен според Европската макросеизмичка скала.
По силниот потрес, следуваа уште серија помали потреси, од кои два биле регистрирани утрово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.