„Го нема лекот ‘паклитаксел’. Пациентите повторно се враќаат дома без потребната терапија и тоа со информација дека лекот ќе го нема до Нова година. До Нова година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи. Ова е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски“, изјави на денешната прес-конференција Елена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ
Опозицискиот СДСМ бара оставка од министерот за здравство Сашо Клековски и одговорност за, како што велат, сите кои дозволиле онколошките пациенти повторно да бидат оставени без терапија, со што нивниот живот се доведува во ризик. Од СДСМ обвинуваат дека пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија по кој знае кој пат се оставени без соодветната терапија откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

„Го нема лекот ‘паклитаксел’. Пациентите повторно се враќаат дома без потребната терапија и тоа со информација дека лекот ќе го нема до Нова година. До Нова година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи. Ова е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски. Пациентите кои веќе поминаа болни циклуси сега се ставени во ризик да им напредува болеста“,
изјави на денешната прес-конференција Елена Радеска од Комисија за здравство на СДСМ.
СДСМ обвинува дека ваквата состојба е доказ за целосниот распад на здравството заради криминални тендери.
„Организираната криминална група ВМРО и здравјето на граѓаните го гледа низ призма на тендери и профити врз грбот на народот. Нема пари за лекови, за апарати, за вработувања, за повисоки плати – ама имаат за нивните партиски тендери. Бараме оставка од Клековски. Бараме одговорност за сите кои дозволија животот на онколошките пацинети да биде доведен во ризик“,
велат од СДСМ.
Партијата бара лекот паклитаксел итно и неодложно да им се обезбеди на сите пациенти на кои им е потребен.
