И Азербејџан и Еременија прогласија воена состојба во своите змеји, поради судирите што се слушија во регинот Нагорно – Карабах.
Двата соседа и влегоа во вооружен судир, прогласија општа мобилизација и полициски час во неколку региони долж линијата на вооружениот конфликт, пренесоа британските медиуми.
Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, попладнево соопшти дека има мртви и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците, откако ерменските сили отворија оган долж линијата на раздвојување.
„Пукано беше од различни орудија, вклучително и оние со голем калибар. Ова е уште една воена провокација на Ерменија“,
рече Алиев.
Ерменија пак од друга страна вели дека нападот први го започнале силите на Азербејџан.
Лидерот на Нагорно-Карабах, Араик Артјунијан, соопшти дека е почната мобилизацијата на сите граѓани над 18 години и дека е прогласена воена состојба во земјата. Тој додаде дека од утринава во судирите со азербејџанските војници се убиени 16 војници и има над 100 ранети.
Во облста Нагорно – Карабах живеат мнозинство Ерменци, а со години е тема за конфликти меѓу Азербејџан и Ерменија.