Полицијата употребила и солзавец во близина на парламентот на антивладините протести кои се одржуваат во либанскиот главен град Бејрут, јави Би-би-си. Демонстрантите се бесни на владата оти голема количина амониум нитрат, од 2013 била несоодветно чувана во складиште на бејрутското пристаниште.
Многумина во Либан велат дека несовесноста на владата довела до разорната експлозија, во која загинаа најмалку 137 лица, а повредени се околу 5.000 други.
Либанската државна новинаска агенција пренесе дека 16 лица се приведени во рамки на истрагата за експлозијата, која ја најави владата.