Ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи, според сведоштвата, тој ја удирал од земја неколкупати со што ѝ нанел очигледни повреди и траума. Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во заднина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар, велат од здружението
Скопјанец бил снимен како на суров начин малтретирал и повредувал мачка, а видеото било испратено до здружението за заштита на животни „Анима мунди“ од каде што побараа одговорност за таквиот чин.
„До нашето здружение во текот на вчерашниот ден пристигна видео за кое според сведоците и сопственикот на мачката се работи за извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје и истиот на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка. Ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи според сведоштвата, истиот ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума. Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во заднина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар“,
напишаа од здружението на Фејсбук.
Од „Анима мунди“ бараат надлежните институции да преземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено и да се превенираат вакви случки во иднина.
„Недозволиво е кое било живо суштество да е цел на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување“,
децидни се од здружението.