Најголем дел од ајварот што е направен, како што е наведено во видеото од амбасадата, го подаруваат на странски дипломати, на американски посетители и на пријатели на амбасадорката
Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мeри Брнз, правеше ајвар во американската резиденција.
„Сезона на ајвар во резиденцијата на нашата амбасадорка со специјалниот „Ред Дог“ ајвар. Кои се вашите омилени традиции за храна?“,
напишаа од Амбасадата на САД на Фејсбук објавувајќи и видео од подготовката на ајварот.
На Твитер се огласи и Брнз:
„Во Северна Македонија е есен и време е за ајвар! Го обожаваме и правиме ајвар секоја година по рецептот на готвачот во резиденцијата. Оваа година видео-тимот на Амбасадата ги сними глетката и звуците од правењето на ајвар“.
Најголем дел од ајварот што е направен, како што е наведено во видеото од амбасадата, го подаруваат на странски дипломати, на американски посетители и на пријатели на амбасадорката.
In ?? if it’s fall, it’s time for #ajvar! We love it & have made ajvar every year we’ve been here with a recipe from the residence chef. This year the Embassy’s video team captured the sights & sounds. pic.twitter.com/kCUiT4mWBc
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) October 12, 2021