Од Министерството за внатрешни работи велат оти повредениот е пренесен во Општата болница во Велес
Триесетгодишна велешанка е приведена поради обид за убиство на партнерот со кого живеела во вонбрачна заедница, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму велат дека во текот на вчерашниот ден, 30-годишната Т.Д., во домот во кој живеела заедно со 37-годишниот партнер, со остар предмет му нанела убодна рана, по што повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош. По настанот, таа била приведена и задржана во полициска станица.
„Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик“,
велат од МВР.
