Во ова издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 25 октомври 2021 г на ТВ Алсат, гледавте:
-Вредеше ли да се потрошат 11 милиони евра за уредите за биометриска идентификација на гласачите со оглед на проблемите што се појавија со нивното користење и функционалност за време на првиот круг од локалните избори? Каде е вината и одговорнста;
-Неуспешни избори во општините Маврово – Ростуше и Центар Жупа. Треба ли да остане условот за најмалку една третина излезност – разговор со Марко Кртолица, доцент на правниот факултете „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје;
-Со најдобриот вод во Армијата на Република Северна Македонија командува жена. Сепак, прашањето за родова еднаквост и натаму е голем предизвик во областите и професиите што се сметаат за машки. Дали решението е во воведување квоти;
-На секои 100 килограми отпад од пакување кој се создава во земјава, само за 60 килограми некој плаќа тој отпад да биде собран. Остатокот за кој никој не плаќа да се собере годишно изнесува околу 40 илјади тони;
-„Саботажа“.