Со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, разговараме за можноста за коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локалните избори, за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, идеолошката ориентација на партијата, за пописот, судството, евроинтеграциите…
Во интервјуто Николоски вели дека водат разговори за ново парламентарно мнозинство што би довело до предвремени парламентарни избори.
Емисијата „360 степени“, во која гостува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, е емитувана на 12 февруари 2021 г. од 22:00 часот на ТВ Алсат