Во новото издание на „360 Степени“ (14 септември 2020 г.) на Алсат:
– Која е вистината за можната набавка на руската вакцина за коронавирусот во Македонија: за „360 степени“ зборуваат амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, и шефицата на македонскиот Комитет за имунизација, д-р Александра Грозданова;
– САД се во кампања да убедат што повеќе држави да забранат набавка на опрема од „Хуавеј“ поради врски со Кинеската комунистичка партија. Во Македонија на тендерот на „Телеком“ првопласиран е токму „Хуавеј“;
– Корона-кризата ги изеде и онака малкуте пари во буџетот за инклузивно образование: Дали трансформирањето на училиштата во системи достапни за сите деца, ама буквално за сите, е толку скапо или проблемот е на друго место;
– Една четвртина од училиштата во земјава бараат дозвола за настава со физичко присуство и за погорните одделенија од трето. Доведен ли е во прашање еднаквиот пристап до квалитетно образование за сите;
– „Саботажа“.