Во првото издание од 7. сезона на „360 Степени“ (7 септември 2020 г.):
– Владините партнери договориле трампа и на директорски места: Пошта, Фондот за пензиско, Македонија пат, Железници инфраструктура одат кај СДСМ, МЕПСО и државни патишта ги добива ДУИ;
– Законот за висока раководна служба е заглавен во Собранието, па и новите директори на државните агенции и компании ќе се именуваат по старата партиска шема;
– Реалистично е да очекуваме првата меѓувладина конференција ЕУ – Северна Македонија да се одржи пред крајот на годинава – интервју со евроамбасадорот Жбогар пред завршување на неговата мисија во земјава;
– Катран црна течност се цеди од депонијата Русино кај Гостивар, формира поток, па езерце и завршува во Сушичка Река и полето – има ли решение за отпадот во Полог;
– Како здравствените власти се подготвуваат за есенско-зимски бран на ковид-19: ќе има ли рестрикции и какви;
– „Саботажа“.