Во новото издани на „360 степени“ на ТВ Алсат (3 февруари 2020 г.):
-Деловникот за работа на Собранието не е сменет: кои се гаранциите дека нема да се повторат маратонската конститутивна седница на актуелниот пратенички состав и сцените од 27 април 2017 г.;
-анализа: ако Франција ја крене рампата, дали Северна Македонија е подготвена за преговори со ЕУ и колку би траеле тие;
-истражување: дали владината уредба со која се воведува т.н. данок на CO2 ќе го даде посакуваниот ефект; кои возила ќе поскапат, кои ќе поевтинат и за колку;
-младинскиот хор „Менада“ од Тетово одржува проби во локал „4 на 5“: дали новиот закон за младинско учество и младински политики може да им го реши проблемот;
-„Саботажа“.