Во текот на вчерашниот ден, во Велика Британија се направени 18 000 теста.
Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон оцени дека земјата е на добар пат кон целта за дневно да бидат правени по 100 000 теста.
Според него, 18 000 теста се направени до 8 часот вчера, изземајќи ја Северна Ирска.
„Мислам дека добро напредуваме“, оцени тој.
Британската Влада изминатиот период се најде под голем притисок поради ниското ниво на тестирања на новиот коронавирус во споредба со одредени држави, посебно Германија.