Првите вакцини ќе бидат достапни веќе следната недела
Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ и најави можат тие да можат да се користат од почетокот на следната недела.
„Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на ‘Фајзер’ и ‘Бионтек’“,
објави британската влада.
Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина, за која се проценува дека нуди 95 проценти заштита од ковид-19.
Првите вакцини ќе бидат достапни веќе следната недела.
Имунизацијата би можела почне за неколку дена за оние на кои им е најпотребна, како што се стари лица во домови за згрижување.
Велика Британија веќе подготви 40 милиони дози – доволно за вакцинирање на 20 милиони луѓе.
Таа е најбрзата вакцина досега од идеја до реалност. Потребни беа само 10 месеци за истите развојни чекори што вообичаено се протегаат во текот на една деценија, објави Би-би-си.
Постојат уште неколку други ветувачки вакцини, кои исто така може да бидат одобрени наскоро. Вакцината на „Модерна“ го користи истиот пристап како вакцината „Фајзер“ и нуди слична заштита.