Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (20 мај 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Што е вистината за случајот што го отвори опозициската ВМРО-ДПМНЕ со тврдење дека станува збор за афера на Упрвата за јавни приходи, во која се вмешани високи функционери од власта, а во која преку малверзации со ДДВ, државниот буџет е оштетен за 20 или 30 милиони евра? Одговорот од УЈП е дека не може да стане збор за афера на УЈП, туку за незаконско работење на даночни обврзници утврдено од Упрвата уште во јули мината година. УЈП ги предала документите на јавното обвинителство каде се води предистражна постапка. Ова е едно од прашањата за кои разговараме со директорката на Управата за јавни приходи и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска. Теми се и се поголемиот број работници што навреме не добиваат плата, наплатата на даноците, особено пред најавениот ребаланс на буџетот, контролите и надзорите на даночните инспектори поврзани со манипулирањето на антикризните мерки. Од политичките теми, ќе зборуваме за стабилноста на мнозинството и владата и за барањето за брзи предвремни избори од ВМРО-ДПМНЕ.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.