Во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат вечерва (8 јуни 2020 г.) од 22:00 часот ќе гледате:
-По вчерашните апсења во Чаир – бевме на терен и прашавме во СВР Скопје;
-Не запира трендот на голем број новозаразени со коронавирус, д-р Караџовски порачува: „Не Комисија, Господ да ви дојде овде, не може да ви помогне, ако некој не ги почитува мерките“;
-Оџата од Слупчане ја загуби мајка си, а и двете деца му се позитивни – слика од општина Липково, едно од актуелните жаришта;
-Алармантно е и во Штип и штипско со нови 33 заболени само во последните 24 часа: директорката на Ценатарот за јавно здравје е заггрижена;
-Какви се индиректните последици за здравјето на граѓаните од ковид-19? Колку од прегледите и контролите за други болести се откажани – анализа;
-„Саботажа“.