Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (21 јуни 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва објавуваме:
-ДИК во втор обид за купување на т.н. „Интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите“, со нова комисија за јавни набавки, откако членови на првата дале оставка со обвинување дека трпеле притисоци; И да се набават уредите, неизвесно е дали ќе може да бидат во функција за локалните избори во втората половина на октомври;
-Само МПЦ си го доби назад национализираниот имот кај автокампот Градиште; Пештанци веќе дваесет години се борат да си ги вратат парцелите на брегот на Охридското Езеро или да добијат соодветна отштета за нив; Се повикуваат и на ветување од премиерот Зоран Заев;
-Одобрувањето на кембриџ-учебниците во 2014 година ќе оди на проверка во јавното обвинителство, најавува министерката за образование, Мила Царовска; Следната недела – нов обид за откуп на учебници за следната учебна година;
-„Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.