Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (22 мај 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
– Може ли да се санира опожарениот мост „Беласица“ во Скопје: Може, вели професорот Горан Марковски, како што во деведесеттите е реконструиран мостот „Гоце Делчев“;
– Истражување: Поддржувачите на СДСМ и на ДУИ гледаат помалку „ситна корупција“ во општеството отколку оние на опозицијата;
– Зошто наместо да се гради комерцијално-станбен комплекс кај езерото Треска во Сарај пасат крави; Дали поделбите во ДУИ ја кочат реализацијата на помпезно најавуваниот проект;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.