Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостуваат Кочо Андоновски, Ирена Цветковиќ, Моника Зајкова и Наташа Бошкова, се емитува вечерва (25 јуни 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Утре во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста, втора во историјата на државава по премиерната во 2019 година. Лани поради ковид-кризата манифестацијата паузираше. Кочо Андоновски, родоначалникот на ЛГБТИ-движењето во Македонија, во една неодамнешна изјава, вели дека има голема промена од времето кога тој почнуваше со активизмот. „На почетокот без сам, а денес, 16 години подоцна, имаме голем број ЛГБТ организации, имаме национална мрежа со повеќе од 20 организации и поддржувачи“, вели Андоновски. Тој е еден од учесниците во ова издание на „360 степени“, заедно со Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалицијата „Маргини“ и Моника Зајкова, пратеничка од редовите на ЛДП во Собранието. Меѓу другите теми, ќе разговараме и за предлог-измените во Законот за матичната евиденција со кои треба да се предвиди постапка за правно признавање на родот. На видео-врска ќе ја имаме адвокатката Наташа Бошкова, која го водеше случајот на лицето Х против Република Северна Македонија, кој заврши со пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која се констатира дека државава сторила повреда на член 8 од Европската конвенција за човекови права поради недостаток на јасна правна рамка која го регулира правното признавање на родот.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.