Емисијата „360 степени“, во која гостува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се емитува вечерва (12 февруари 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, разговараме за можноста за коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локалните избори, за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, идеолошката ориентација на партијата, за пописот, судството, евроинтеграциите…
Во интервјуто Николоски вели дека водат разговори за ново парламентарно мнозинство што би довело до предвремени парламентарни избори.
Емисијата почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.