Емисијата, во која гостува првиот човек на Беса и градоначалник на Тетово, се емитува од 20:15 часот
По расколот во Алијанса за Албанците и одлуката на Арбен Таравари да и се приклучи на коалицијата на опозициски партии на Албанците, вечерва (12 февруари 2024 г.) во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, гостува лидерот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами. Во детали зборуваме за последниот развој на настаните на политичката сцена, (не)единството на опозициската коалиција, кои ќе бидат носители на пратенички листи а кој кандидат за шеф на државата, патернализмот на Албин Курти, дали тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги преферира за партнер по изборите значи дека и тие ја преферираат ВМРО-ДПМНЕ, каков им е ставот за прашањето за уставните измени при формирањето идна влада… Емисијата почнува во 20:15 часот.
Инаку, лидерите на опозициската коалиција „Европски сојуз за промени“, Билал Касами, Изет Меџити, Африм Гаши и Беким Ќоку, синоќа беа на средба со Таравари, во неговиот градоначалнички кабинет во Гостивар, објави „Лајм“.
„Дојдовме на кафе-муабет со Таравари, градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците, за да разговараме за претстојните нестани што не очекуваат, за нашата визија, планови за настани и средби со граѓани и да му искажеме солдарност, поддршка поради случувањата во изминатите денови“,
изјави Касами пред средбата.
Тој најави дека деновиве ќе се официјализира соработката со Таравари.