Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува министерот за здравство, Беким Сали, се емитува вечерва (11 февруари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Со влегувањето на партијата Алтернатива во парламентарното мнозинство и владината коалиција, од пред дваесетина дена со ресорот здравство раководи Беким Сали. Стоматолог, со приватна ординација во Чаир, постдипломец по јавно здравство, некогаш ангажиран во невладиниот сектор во областа здравство, шеф на кабинет на Бујар Османи кога тој беше министер за здравство, претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување… биографија која треба да каже дека Беким Сали не е новодојденец или странец во ресорот, иако можеби не беше многу познат за пошироката јавност. На неодамнешните локални избори, како кандидат на коалицијата Алијанса-Алтернатива, загуби од Висар Ганиу од ДУИ во вториот круг од градоначалничката трка за Чаир. Во едно интервју за време на кампањата, Беким Сали за себе ќе каже: „Се радува на патување, се теши со семејството, се исполнува со своите ќерки, чита книги од областа на професијата, нема предрасуди кон видот добрата музика, а мотото му е – невозможно е точен збор само кога се пишува зборот невозможно. Сè друго е можно со труд и работа“. Беким Сали е вечерва гостин во „360 степени“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.