Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (23 септември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Најавите за воведување електронска лична карта за граѓаните на земјава оваа седмица добија нова динамика. Тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој, кој и помага на владата во областите на дигитализација и е-управување, имаше прва средба со членовите на Националниот совет за дигитална трансформација, на која една од темите била токму воведувањето електронска лична карта. Колку блиску или далеку се граѓаните на земјава од тоа во рацете да држат електронска лична карта? За ова разговараме со вицепремиерката задолжена за политика за добро владеење, Славица Грковска, и со естонскиот експерт за дигитален идентитет, Раул Каидро. Естонија е лидер во дигитализација на општеството во светски рамки.
Вицепремиерката Грковска ја прашуваме и за промените во т.н. балансер, а неизбежна е и темата за наводите дека се уште актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски ангажирал свои блиски како хонорарни соработници на проект финансиран од швајцарската влада.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.