Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (8 мај 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
– Кога државата капитулира пред една дивоградба: Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, вели дека акцијата за уривање ја пробил Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам; Директорот на Инспекторатот, Фатмир Арифи, кадар на ДУИ, се крие од „360 степени“;
– И по два владини проекта, скопско Долно Количани сè уште е без вода: Жителите апелираат да не ги тераат сосила да се селат во град;
– Кој е во право за сличностите и разликите на проектите со „Бехтел и Енка“ кај нас и во Србија – Владата или опозицијата – анализа;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува до 22:15 часот на ТВ Алсат.